Балкан

Бизарни несреќи во Србија Свињи распарчале и изеле тројца луѓе

Свињи распарчале и изеле тројца луѓе

Серија ужасни несреќи ја потресува Србија откако за само две недели имаше дури три случаи каде свињите распарчиле и јаделе луѓе. За несреќите, сепак, голема улога има и случајноста, бидејќи на тројцата мажи наеднаш им се слошило додека биле во просторот меѓу свињите.

Бизарните несреќи почнале на 1 март, кога починатиот Лазар М. (25) од Ириг бил пронајден мртов во својот свињарник. Тој претходната вечер влегол кај свињите да ги нахрани, и најверојатно дооживеал срцев или мозочен удар. Свињите го грицкале и јаделе неговото тело се до следниот ден, кога семејството го нашло распарченото тело.

Четири дена подоцна, трупот на 75-годишниот Србобран Л. од село Вишничево кај Шид, го пронашол во свињарникот неговиот син.Свињите биле облеани со крв, а старецот целиот во рани.

Последниот случај се случи во четвртокот во Врачев Гај во близина на Бела Црква, каде свињите буквално го растргнале телото на 61 годишен човек.
– Кожата на главата му беше одерена и целата изгризена, а одгризени му беа рацете и нозете, како и половиот орган-рекле очевидците.

Според ветеринарите, свињите се свештојадци, кои без проблем се хранат со месо па и со трупови, а тоа што се фрлиле врз починатите веројатно се должи на недоволна или несоодветна исхрана. Гладната свиња може да јаде било што па дури и своите млади, ако нема ништо друго на располагање.