Македонија

Свински плевел кој убива луѓе и се заканува и на Македонија

Свински плевел кој убива луѓе и се заканува и на Македонија

Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил предупредува дека во Македонија има опасност од појава на опасен свински плевел кој може да убие и човек.

Во Унгарија е регистрирана појава на свински плевел, растение кое може да убие човек. Гигантскиот свински плевел кој во Германија е деклариран за најотровно растение, се појави во Унгарија, а наскоро постои веројатност да се појави и во соседна Србија и кај нас, алармира ексминистерот Димовски.

Тој во постот вели дека има мноштво растенија кои се опасни по животот и здравјето на луѓето, а најчесто е опасно да се јадат, но понекогаш и било каков контакт претставува опасност, а најзастапени се во шумските и влажни подрачја, напаѓајќи ги речиси сите органи.

Гигантскиот свински плевел (HERACLEUM MANTEGAZZIANUM) може да предизвика слепило и сериозни оштетувања на кожата. Имено, ова растение содржи соединение ФУРОКУМАРИН кое во контакт продира низ епидермисот и предизвикува сериозни оштетувања на кожата доколку таа се изложува на сончево зрачење, алармира Димовски. Тој посочува дека сокот од плевелот исто така може да предизвика слепило доколку дојде во контакт со очите. На социјалните мрежи веќе се шири предупредување доколку некој го примети ова растение да избегнува било каков контакт со него.

-Во некои европски земји е препорачано да се искорени плевелот, а во Германија е прогласен за најштетен и најотровен уште во 2008 година, со препорака за негово искоренување, потенцира ексминистерот.