Македонија

Свлечиште на патот Прилеп – Ресен, сообраќајот во прекин

Свлечиште на патот Прилеп – Ресен, сообраќајот во прекин

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола, соопшти АМСМ.

Поради санација на свлечиште во Маврово, делницата од браната Маврово до селото Маврово ќе биде затворена за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси во период од два месеца почнувајќи од утре. Сообраќајот за лесни возила ќе се одвива по постоечка девијација согласно сообраќајниот проект за времен режим на сообраќај одобрен од Министерство за транспорт и врски.
Сообраќајот за тешки товарни возила и автобуси може да се одвива преку селото Леуново.

На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.