Свлечиште на патот Кочани – Делчево, сообраќајот се одвива по една лента

На патниот правец Кочани – Делчево кај браната Калиманци има свлечиште па затоа сообраќајот се одвива по едната лента. Екипите на Македонијапат работат на негово отстранување. Се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Неготино – Гевгелија е намалена на 50-100 метри и кај Кула до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетување за возачите дека законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.