Свобода: Турција денес е подалеку од членство во Европа од пред седум години

Турција денес е подалеку од членството во ЕУ, отколку пред седум години, изјави во интервју за весникот „Хуриет“ лидерот на социјалистите во Европскиот парламент Ханес Свобода, изразувајќи загриженост за независноста на судството во земјата, пренесува МИА.

Подалеку сме од пристапувањето, отколку пред седум години. Но, тоа не значи дека сте целосно настрана од него, изјави Свобода, додавајќи дека на краток рок сме во е многу критична позиција, но дека не можеме да се откажеме од долгорочните цели.

Според лидерот на социјалистите во ЕП, во изминатите две години турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган промени и отстапи од некои реформи, кои се важни за ЕУ.

Свобода нагласи дека Турција и Европа треба да работат на пристапувањето. „Треба да ги убедиме граѓани во нашите држави, дека турското членство ќе биде нешто добро, изјави тој додавајќи дека Турција пак треба да изврши „реална уставна реформа“ и да спроведе децентрализација.

Лидерот на социјалистите во ЕП изрази загриженост дека последните активности на Ердоган ја ограничуваат независноста на судскиот систем и човековите права.

Извор: МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.