Свој леб по свој вкус

 

Како се приближуваат празниците така домот полека оладува. Секој во семејството има свои планови и модерниот начин на живеење полека ја нарушува семејната атмосфера. Тоа не се должи на луѓето туку на промените кои новиот динамичен свет ги носи со себе. Постои еден начин како топлината повторно да се врати. Домашниот леб го побудува секое сетило и вдахнува нова димензија низ целиот дом.

Секој го обожава мирисот и вкусот на домашниот леб, но скоро никој веќе нема доволно време со часови да припрема теста и да пече. Затоа купувањето на некоја од новите машини за правење на леб е одлична инвестиција. Ваквата машина прави се што е потребно без многу време поминато во подготовка. Машината за печење на леб полека прераснува во една најбараните апарати за домаќинство. Со неа нема потреба од грижи за адитивите кои се ставаат во комерцијалниот леб. Секој знае што се става во машината за да се направи лебот. Тие кои се запознаени со работата на овие машини може да сведочи за сигурноста која ја има во исхраната, гордоста од направениот леб, слободата во изборот на состојките и незаменливиот вкус и мирис.

2

Како и кај секоја храна потребно е малку внимание и време за подготовка на совршената комбинација на вкусови. Како и сите други почетоци секој треба да си поигрува со состојките и евентуално да создаде леб во кој ќе ужива. Повеќето се задоволуваат со тоа што на кратко ги подготвуваат состојките, ги ставаат да се печат и со тоа имаат домашно подготвен леб. Сепак, за некои постои високо ниво на задоволство во тоа што подготвуваат леб со состојки по сопствен вкус кој ги задоволува сите нивни сетила и со тоа го внесува интензитетот на чувства кој го дава домашниот леб.

За да ги олеснат почетоците на секој кој за прв пат се запознава со машините за леб произведувачот Vivax нуди и неколку рецепти со своите машини. Тие се одличен начин како побрзо да се разберат командите на фурната и ги олеснуваат чекорите за креирање на совршениот домашен леб.

vivaksss

Најлесен начин за да се започне со припремата на првиот леб е да се направи класичен бел леб или леб со ореви и суво грозје. За спремање на бел леб потребно е да се стават 300 милилитри на вода, 2 лажички сол, 2 и пол лажички шеќер, 150 грама гриз од пченица, 350 грама лебно брашно, 1 и пол лажица сув квасец и 2 и пол лажици масло. Се селектира програмата French на машината и за некое време домашниот леб е готов. Кај лебот со ореви и суво грозје се ставаат 330 милилитри вода или млеко, 2 и пол лажици маргарин или путер, 2 лажици сол, 2 и пол лажици шеќер, 520 грама лебно брашно, 1 и пол лажица сув квасец, 75 грама суво грозје и 40 грама кршени ореви. Овој леб се пече на програмата Basic и препорачливо е оревите и сувото грозје да се додадат по звучниот сигнал за време на втората фаза на мешање.

Во куварот на Vivax има над 23 рецепти и бројни насоки за секој кој е почетник. За оние кои сакаат додатен предизвик можат да ги пробаат и најтешките рецепти. Vivax покрај рецептите наведуваат и начини како да се направат различни теста, дали за пица, кроасани, багети и слично. Насоките се многу детални што опфаќаат секакви прашања и нудат неколку трикови за создавањето на перфектна храна. Едно од изненадувањата кои ги нуди машината на Vivax е и можноста да се направат различни типови на џем. Водени од куварот на Vivax во фурната може да се направат џем од јагоди, бобинки и портокал.

За повеќе информации може да се посети официјалната Фејсбук страна на Vivax Македонија:

https://www.facebook.com/VivaxMacedonia/?fref=ts

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.