петок, 17 февруари 2017  |  Вести денес: 53

СВР Скопје со кампања против опасноста од петардите

Одделението за превенција при СВР Скопје во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ќе ја реализира кампањата – „Среќна и безбедна 2017 година – во семејно и пријателско дружење“.

петарди

Поврзани вести

Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација, која е главната целна група, за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства и намалување на бројот на повредите од нивната употреба.

Активностите ќе започнат утре во просториите на ОУ „Тефејуз“ во општина Чаир, каде во соработка со Црвениот крст на Град Скопје ќе биде изведена показна вежба-симулација на повреда, а потоа ќе следува едукативен дел кој ќе се реализира со поддршка на ОУ „Тефејуз“.

Најчитани вести