Synergy Fitness & Spa слави роденден: Пред една година беа поставени стандардите на модерниот фитнес во Македонија

Водењето на здрав живот e инспирација за многумина, особено поради модерното секојдневие кое што е исполнето со стресни ситуации и постојаното брзање во текот на денот кој трае само 24 часа. Не постои човек на планетата кој после напорниот ден не сака да се опушти, ја потроши негативната енергија и да ужива во некој фитнес и спа центар каков што сме виделе на некој видео спот на интернет или на некоја музичка телевизија.

Synergy Fitness & Spa слави роденден: Пред една година беа поставени стандардите на модерниот фитнес во Македонија
Synergy Fitness & Spa слави роденден: Пред една година беа поставени стандардите на модерниот фитнес во Македонија

Фитнесот и спа услугите пред точно една година во нашата држава доживееја голема револуција. Обичното одење во сала за вежбање замина во историјата. Synergy Fitness & Spa центарот ги постави новите стандарди на модерниот фитнес  и спа услугите.

Synergy Fitness & Spa слави роденден: Пред една година беа поставени стандардите на модерниот фитнес во Македонија
Synergy Fitness & Spa слави роденден: Пред една година беа поставени стандардите на модерниот фитнес во Македонија

Synergy Fitness & Spa е комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето во Скопје. На простор од 2000 квадратни метри, Synergy Fitness & Spa содржи сѐ што модерен начин на живот го бара на едно место! Во рамките на центарот има фитнес сала со целосна Technogym опрема – за прв пат во Македониј. Спа-сегментот ги нуди најдобрите услови за регенерација, а секој може да се опушти со различните видови на масажи, третмани, thalgo и терапии.

Во изминатите 365 дена повеќе од 2500 луѓе беа дел од фитнес и спа активностите, персонализираните фитнес  тренинзи како и групните активности под кои спаѓаат: Aеробик, Степ-аеробик, Пилатес, Спининг, Боди-баланс, Kик – фит, Зумба, Оmnia и активности за деца. Бројот на активности секојдневно расте со цел да се следат светските трендови, но и да се задоволат барањата на корисниците.

Денеска Synergy Fitness & Spa го слави својот прв роденден и за сите има многу изненадувања, меѓу кои 100 ваучери за 7 дена фитнес кои што се наменети за оние кои ќе дојдат на роденденот.