СЗО: Бројот на заразени од ебола достигнува 10.000

Бројот на луѓето, кои се заразени од ебола, досега достигнал 9.936, а 4.877 починале, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Поголем број од заболените се од Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, односно во овој регион заразени се 9.911 лица, а 4.868 починале.

Најтешка е ситуацијата во Либерија, каде починале 2.700 луѓе, а заразени се 4.600.