СЗО: Еболата се вкорени во Западна Африка

Вирусот на ебола во моментов е вкоренет во главните градови на трите најпогодени западноафрикански земји, а ширењето на епидемијта е забрзано, предупреди денес СЗО.

Заменик-директорот на СЗО, Брус Ајлвард нагласи дека светската заедница не одговорила во согласност со потребите на Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Тие три земји апелираат на поголема помош во борба со смртоносниот вирус, кој усмрти 3.860 лица, претежно во Западна Африка. Повеќе од 200 здравствени работници се меѓу жртвите на ебола.

Ајлвард нагласи дека сега ситуацијата е многу полоша од пред 12 дена и додаде дека 70 отсто од заразените луѓе дефинитивно умираат од болеста.

Директорката на меѓународната хуманитарна организација Лекари без граници, Џоана Лиу повика денеска на итна меѓународна акција.

Високиот американски функционер Томас Фриден изјави дека епидемијата на ебола во Западна Африка се разликува од сите епидемии од избивањето на вирусот ХИВ.

Светот стравува дека овој смртоносен вирус би можел да се прошири и надвор од Западна Африка, по случаите на инцифирани со вирусот во САД и Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.