СЗО го одобри првиот брз тест за ебола

Светската здравствена организација го одобри првиот брз тест за ебола, со што значително ќе се намали времето што е потребно за со сигурност да се потврди дали некој е заразен со овој смртоносен вирус, пишува Њујорк Тајмс.

Агенцијата на ОН во Женева изјави дека брзиот тест ReEBOV Antigen од американската компанија Коргеникс ги задоволува сите услови за квалитет, безбедност и ефикасност. Овој тест за само 15 минути може да потврди дали некој е заразен со овој вирус благодарение на тоа што го детектира протеинот на ебола. Во пробниот период тестот точно идентификувал 92 отсто оде заразените лица, како и 85 отсто од оние што не се заразени.

Досега тестот за ебола се вршеше во лаборатории. Овие тестов се доста посигурни, но за нив се потребни од 12 до 24 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.