СЗО го тргна кафето од листата на канцерогени пијалаци

Светската здравствена организација (СЗО) го тргна кафето од листата канцерогени производи поради непостоењето доволно докази за потенцијалната поврзаност меѓу конзумирањето на кафето и појавата на ракот.

Истовремено, Меѓународната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ) објави извештај во кој се наведува дека конзумирањето на било кој „топол пијалак“ го зголемува ризикот од рак.

Традиционалното пиење на екстремно врели растителни чаеви во Кина, Иран и државите во Јужна Африка каде што се служат многу потопли пијалаци отколку во кафулињата во Европа и Северна Америка може да биде посебно рискантно, се наведува во извештајот на ИАРЦ.

Експертите за истражување на ракот,  што ИАРЦ ги собра во Лион не пронашле доволно докази дека конзумирањето кафе се поврзува со појавата на рак, се вели во статијата објавена во весникот Ланцет Онколоџи.

Не сум сигурен зошти кафето е ставено во првата категорија канцерогени производи, рече Овен Јанг епидемиолог на Харвард.

Јанг нагласи дека постоечките докази не укажуваат дека пиењето кафе го зголемува ризикот од појава на канцерогени заболувања, додавајќи дека пиењето на другите мошне топли напитоци може да се доведе во врска со појавата на рак.