среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 40

СЗО: Годишно од рак умираат 9 милиони луѓе

Поврзани вести

Светската здравствена организација алармира дека денес близу 9 милиони луѓе во светот умираат секоја година од рак, повеќето откриен во веќе подоцнежна фаза.

„Годишно во светот умираат 8,8 милиони луѓе од рак, особено во земји со среден до низок приход”, истакнуваат од организацијата,  а како  дека една од главните причини за тоа е задоцнето дијагностицирање на пациентите.

Дури и во земјите со најдобра здравствен систем и најдобар квалитет пристап до медицински услуги, пациентите го  почнуваат лекување во напредната фаза на болеста и немаат големи шанси, бидејќи стануваат иноперабилни. Тогаш тие можат да добијат само палијативна нега.

„Со преземањето на мерките развиена од СЗО, ракот може да се открие навреме и да му се примени успешно хируршко лекување, особено во случаите со рак на дојка, на грлото на матката и колоректален карцином”, уверува директорот на Одделот за спречување на неинфекциозни болести , инвалидност, насилство и превенција на повреди на СЗО – д-р Етјен Круг.

Извештајот на организацијата беше објавен на сајтот на меѓународната организација по повод 4 февруари – Меѓународниот ден за борба против онколошките заболувања. Според податоците ракот е причина број 1 на секои 6 смртни случаи. Повеќе од 14 милиони им се дијагностицирани со него секоја година, како специјалисти предвидуваат дека овој број може да се зголеми речиси 2 пати до 2030 година.

Најчитани вести