СЗО: Се намалува бројот на заразени лица со вирусот Зика

Светска здравствена организација (СЗО) денеска потврди дека се намалува бројот на заразени лица со Зика вирусот во Бразил.

– Епидемијата Зика дефинитивно е во опаѓање во Бразил. Покрај во Бразил, епидемијата има тенденција на опаѓање и во Колумбија, изјави Мери Киени, помошничка на директорот на СЗО на прес-конференција во Париз.

Таа не сакаше да открие колкав е бројот за заразени во моментот.