СЗО: Седум милиони луѓе умреа поради загадување

Загадувањето на воздухот, предизвикани од пожари и издувните гасови од автомобилите, во 2012 година предизвикаа смрт на седум милиони луѓе, соопштија од  Светската здравствена организација.

Марија Неира, раководител за јавно здравје во СЗО вели дека денеска загадувањето на воздухот, како во затворени, така и во отворени простори е најголемиот еколошки проблем кој најмногу влијае на човекото здравје, пренесе АФП.

На глобално ниво, еден во осум смртни случаи во 2012 година  може да се припише на загадувањето на воздухот, покажуваат најновите истражувања на  СЗО. Ова загадување може да предизвика смрт од миокарден инфаркт, мозочен удар, рак на белите дробови и други белодробни заболувања.

Најранливите области се од Југоисточна Азија, која вклучува Индија и Индонезија, како и од областа на Западен Пацифик, која ги вклучува Кина, Јужна Кореја, Јапонија и Филипините. Во 2012 година  во овие два региона регистрирани се  5.900.000 смртни случаи чија причина е загадувањето на воздухот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.