СЗО: Жртвите во Идлиб имаат симптоми слични на оние предизвикани од нервен гас

Во некои случаи симптомите се слични како и кај изложеност на органофосфорни хемикалии, во чија категорија се вклучува и нервниот гас, се наведува во соопштението на СЗО.

Според извештаите, веројатноста за употреба на хемиско оружје при нападот е зголемена со недостаток на надворешни рани.

Симптоми за изложеност на хемиско оружје најчесто се акутна отежнатост при дишење, што предизвикува и смрт.