Т-Мобиле ја отвори новата продавница: Сите самсунг смартфони на половина цена!

Нов коцепт на продавници, со акцент на дигиталните комуникации на понудите, со многу демо уреди кои ќе овозможат тестирање во живо. Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отвроија нова продавница во Скопје.

Продавницата се наоѓа на во ГТЦ на приземје на површина од 210 метри квадратни, располага со 7 работни едниници и нуди мултимедијално искуство за корисниците.

– Задоволството на корисниците е императив за нас, а новата продавница не само што може да послужува повеќе корисници, туку ќе им овозможи брзо и едноставно да го најдат тоа што им треба. Нашата задача е да дадеме и дополнителна вредност за корисниците, а денешната понуда за самсунг смартфони со 50 отсто попуст е токму тоа. Продолжуваме во таа насока, изјави Андреас Маиерхофер.

Целта на коцептот е преку интерактивно истражување и забава корисниците да се запознаат со телекомуикациските успуги и решенија на Т-Home и T-Mobile, што ќе овозможи најлесно да го најдат најдоброто решение за нив.

Само денеска, по повод отворањто на новата продавница, Т-Мобиле подготви промотивна понуда за сите посетители-Samsung смартфони на половина цена во Play Comfort тарифа.

Покрај тоа, присутните се забавуваа со Калиопи и Владо Јаневски кои беа специјални гости.

t-home-prodavnica

 

t-home-prodavnica2