Т-Мобиле: Неизвршен член на Одборот на директори нема право да исклучи телефонски број

Неизвршен член на Одборот на директори, според законските прописи и интерните компаниски акти  нема право да дава налози за постапување во секојдневното оперативно работење на компанијата, реагираат од Т-Мобиле Македонија, во врска со информациите изнесени на прес конференцијата на претседателот на СДСМ Зоран Заев, за исклучување на телефонски број, наводно на барање на член на Одборот на директори.

„Т-Мобиле Македонија без исклучок ги гарантира сите права на корисниците, кои им се пропишани според законот за електронски комуникации“, се вели во реакцијата на оваа компанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.