Т-Мобиле организира забава во Тетово и Скопје

„Наградната игра на векот“ во организација на Т-Мобиле полека се приближува кон својата завршницата. Адреналинот кај корисниците секојдневно се зголемува како што се  приближува денот кога ќе се дознае добитникот на главната награда Порше Кајман. Затоа, во пресрет на финалното извлекување Т-Мобиле организира забавна програма во Тетово и Скопје, во чии рамки ќе биде изложен Порше Кајман, при што заинтересираните можат лично да се запознаат со овој луксузен автомобил.

Забавната програма во Тетово се организира на градскиот плоштад утре (петок) на 08 мај со почеток во 13 па се до 17 часот, додека во Скопје ќе биде на 09 мај (сабота) во Градскиот парк, во непосредна близина на фонтаната со почеток во 11 часот и ќе трае се до 14 часот. Нашите музички ѕвезди Каролина Гочева и Адриан Гаџа ќе се погрижат за добра забава и дружење на граѓаните. Предвидено е забавно катче и за најмладите.

Досега два од трите автомобила Ауди А3 ги најдоа своите среќни добитници, а последниот авотмобил го чека својот нов сопственик на 17 мај, кој ќе биде извлечен во рамките на емисијата  „Во недела попладне“ на Алфа ТВ. Во истата емисија на 31 мај ќе биде извлечен и добитникот на Порше Кајман.

Правилата за игра се едноставни и лесни, корисниците треба најпрво да се регистрираат со повик на бесплатниот број 1469. Потоа, со надополнување на ваучер од најмалку 300 денари, добиваат клуч со кој учествуваат во извлекувањето на последниот автомобил Ауди А3 додека со 3 клуча (најмалку три ваучери од по 300 денари) при пејд корисниците имаат шанса да ја освојат главната награда – неверојатниот Порше Кајман.

Искористете ја шансата и станете сопственик на луксузно возило!