Три нешта што мора да ги направите пред Нова година

Во Новата одина се влегува на најубав можен начин, а еве што треба да направите за себе уште денес…

Новогодишните одлуки често остануваат само букви на хартија кои во нас уште од првиот миг може да предизвикаат чувство на неуспех и незадоволство од самите себе си. Токму заради тоа, заборавете на депресивната листа на одлуки и во Новата година влезете на најпозитивниот начин и тоа со трите најубави нешта што можете да ги направите за себе.

Листа на вашите најголеми достигнувања во минатата година

Листата на одлуки за влез во Новата година немора секогаш да го содржи она што сте го направиле погрешно или пак целите што не сте ги оствариле (а сте требале). Напротив списокот треба да го направите така што ќе бидете горди на сопствените успеси во годината што е во заминување.

Потсетете се на сите препреки што сте ги прескокнале со голема храброст, со солзи или пак со насмевка на лицето (дури и кога не излегло се како што сте сакале). Потсетете се што се сте направиле за некој друг (пријатели, членови на семејството или колегите). Потсетете се колку пати успешно сте ги решиле сите задачи, како и малите и големите животни проблеми и храбро сте продолжиле понатаму.

Листа на нештата за кои сте благодарни

Нова година…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.