Три нешта што мора да ги направите пред Нова година

Нова година е времето кога размислуваме што мораме да промениме во животот. Но, пред да тргнете со критиките, направете нешто што ќе ве развесели и на што ќе бидете горди.

Ако сте станале, мајка или тетка или ако вие и вашето семејство сте биле здрави, ако сте запознале некоја квалитетна личност или сте го обновиле старото пријателство, ако сте имале квалитетна работна година, тогаш имате за што да бидете благодарни. Направете листа на нештата што ви се случиле минатата година, на кои можете да бидете благодарни и гордо насмевнете се.

Листа на нештата на кои им се радувате за следната година

Иако иднината неможеме да ја „прочитаме“ постојат планови за следната година што свесно или несвесно веќе сме ги направиле. Запишете барем 5 нешта (мали или големи) што едвај чекате да ги реализирате во Новата година.

Се радувате за венчавката на вашата драга пријателка (или пак на организацијата на сопственото). Се радувате на излегувањето на продолжението на вашиот омилен филм или серија или пак на толку очекуваната диплома. Планирате патување за годишниот одмор или едвај чекате да дојде пролет за да го уредите балконот или градината. Ова се само некои од ситниците што можеби нема секогаш да одат по план, но вам и самата помисла на тоа ви мами насмевка.