Таа им упати пораки за мир и љубов на терористите

На Флорида се одржа 63-иот избор за Мис Универзум, а победи колумбијката Паулина Вега. Но, нејзината победа остана во сенка на одгворот на првата придружничка, Мис САД, Ниа Санчез, на прашањето која е нејзината порака до терористите.

mir_ljubov– Како Мис САД секогаш ширам пораки за надеж, љубов и мир, одговори веднаш таа, а нејзиниот одговор шокираше многумина. Секако, потоа веднаш следеа коментари на социјалните мрежи.

„Мис САД рече дека ќе се обиде да шири љубов и надеж меѓу терористите. Да, како ние да сме се обиделе да пружиме љубов и мир за ИД“, „Надеж и мир се твојата порака за терористите? Секој чест Мис САД“. Ова се само некои од коментарите.

Можеби Ниа, ќе треба добро да преспие и да размисли што всушност сакала да каже.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.