понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 75

Табакера за папата – подарок од внукот на Мајка Teреза

„Три месеци траеше изработката на оваа табакера. Ја работев со голема љубов секој ден“, вели Алојз, златар од Скопје, чија мајка била прва братучетка со Агнеса Гонџа Бојаџиу.

tab-225x300

Последни вести

Филигранска табакера врз која е поставена позлатена статуетка на Мајка Тереза, е подарокот што го доби папата Франциско од скопјанецот Алојз Гомбар (66), внук на големата хуманистка. На аудиенцијата одржана по прогласувањето на Мајка Тереза за света, нему му се оствари желбата да се сретне со папата и лично да му го даде подарокот, пишува „Дојче Веле“.

„Три месеци траеше изработката на оваа табакера. Ја работев со голема љубов секој ден“, вели Алојз, златар од Скопје, чија мајка била прва братучетка со Агнеса Гонџа Бојаџиу.

Алојз досега многупати бил во Рим, но немал можност за средба со папата. Желбата му се исполнила, откако во март годинава во Скопје дошол државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

„Тогаш од Владата ме повикаа да присуствувам на вечерата во негова чест. Кардиналот во разговорот изрази желба како роднина на Мајка Тереза да присуствувам на канонизацијата. Така влегов во протоколот за тој голем настан“, вели Алојз, за „Дојче Веле“.

На денешното прогласување на Мајка Тереза за света, Гомбар присуствуваше заедно со официјалната државна делегација – претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, делегации на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, партиски лидери и градоначалникот на Скопје.

Најчитани вести