Таблет за студентите за семејствата со примања под просечната плата

Иако не дадовме ветување пред изборите, сепак деновиве работиме планирање на еден проект со кој сакаме на сите студенти, на сите државни и приватни универзитети, кои за првпат запишале трета или четврта година, а чиишто семејства немаат поголем месечен приход од просечна нето-плата во Македонија, која во моментот изнесува околу 21.500 денари, да им овозможиме бесплатно да дојдат до таблет со тастатура, сè со цел да им помогнеме да се здобијат со поквалитетно образование, со повеќе можности, шанси, и еднаквост со тие чиишто родители имаат поголема заработка – посочи денеска премиерот Никола Груевски.

На присутните во СРЦ „Борист Трајковски“, каде што се собраа огромен број поддржувачи на владејачката партија, лидерот нагласи дека ваквите проекти ја покажувата нивната борба за Македонија. Тој нагласи „тоа е нашата борба, ова ние го мислиме кога говориме за борба“.

Потсети дека е обезбеден е компјутер за секое дете во основните и во средните училишта, а како што вети, почнувајќи од оваа и од наредните две години ќе извршат комплетна замена на истите со нови, посовремени, кои, најверојатно, ќе се таблети со тастатури.

-Достапноста и опфатноста на интернет е зголемена од 16 проценти на над 70 проценти. Додека беа тие на власт да добиеш мрежа за интернет беше еднакво како да добиеш бинго – рече премиерот