Магазин

Таблета со која би можеле да живееме до 120 години

Таблета со која би можеле да живееме до 120 години

Руски научници откриле антиоксиданс кој го одлага процесот на стареење и таа формула веќе ја тестирале на стаорци, глувци и кучиња.

Иако целата приказна изгледа како да е дел од некој научно-фантастичен филм, сепак ако тестирањата се потврдат, наскоро би можело одлагањето на стареењето да стане реалност.

Научниците сметаат дека овој антиоксиданст преработен во таблета, би можел да го продолжи животниот век на луѓето и тие да живеат и до 120 години.

– Во текот на истражувањето утврдивме дека многу болести поврзани со стареењето се развиваат многу побавно, вели научникот Максим Скулачев од Московкиот универзитет.

Тој и неговите колеги се надеваат дека оваа таблета би можела да влијае на митохондријата, односно на делот одговорен за создавање на животна енергија, но и за стареењето на луѓето.

– Со лековите против стареењето реално е да се очекува животниот век на луѓето да се продолжи на 120 години, смета Скулачев, додавајќи дека сепак не очекува со овие таблети луѓето да живееат 800 години.

Тој објаснува дека новиот лек не може да придонесе за драстино продлолжување на животите на луѓето, туку само би го одложил процесот на стареење на човечкиот организам.