Пронајдена таблета со која се забавува стареењето

Пронајдена таблета со која се забавува стареењето

Веста дека научниците пронашле начин да се забави, односно одложи стареењето со таблетата метформин крена прашина и ја заинтригира светската јавност.

Оваа таблета моментално се користи за лекување дијабетес тип 2, а студиите предложија и заклучок како оваа „волшебна“ пилула може да спречи рак, срцеви заболувања, па дури и когнитивна дегенерација.

Таблетата веќе постои на пазарот и со години се користи за санирање на проблемите поврзани со инсулинска резистенција и шеќерна болест, а во моментот се формира нова студија која на примероци од три илјади луѓе на возраст од 70 до 80 години би требало да докаже или го негира делувањето на овој лек на текот на стареењето.

Истражувањето ќе трае до седум години и ќе чини околу 50 милиони долари. Секако, таблетата против стареење нема никогаш целосно да го одложи или спречи текот на стереењето како нормален и неминовен процес со човековиот живот, но би можела негативните ефекти на стереење да ги направи помалку отежнувачки за нормалното секојдневно функционирање, сугерираат истражувачите.