Табли со предупредување пред неисправните извори во Кисела Вода

Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, општина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека на каптираните извори на кои е утврдена неисправност на водата за пиење, е поставена табла со предупредување.

Од општината информираат дека се работи за каптираните извори-јавни чешми на следните локации:

Каптиран извор јавна чешма –Горномаалска чешма во село  Драчево;

Каптиран извор – јавна чешма сред село Драчево;

Каптиран извор- јавна чешма  Св.Петка –Кисела Вода ( уз.Црниче)

Исправноста на водата за пиење од сите постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода е утврдена согласно Правилник за безбедност на водата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.