Табу тема: Со колку партнери до сега сте спиеле? (ВИДЕО)

 

Повеќе од 50 отсто од мажите и жените за промискуитетни ги сметаат тие кои имале повеќе од 15 сексуални партнери, а се чини дека тој број е проблематичен, бидејќи повеќето од жените сметаат дека маж кој имал помалку од седум партнерки е сексуално неискусен.

Стручњаците советуваат, доколку се работи за новопечена врска, партнерите да го избегнуваат ова прашање, првенствено бидејќи може да биде извор за несигурност и љубоморна врска, а со ништо не влијае на иднината на врската.

И додека се’ уште важи изреката дека мажите обично претеруваат со бројката за да испаднат поголеми фраери, а жените го намалуваат бројот на момчиња, факт е дека денес е поприфатлив поголем број на партнери, отколку пред 20 години.

Околку 40 отсто од мажите и жените сакаат да го дознаат тој податок, но се плашат дека тоа ќе влијае на нивната врска.

Сепак, жените се тие кои први ќе го постават ова непријатно прашање.

Во истражувањето на магазинот „Elit dejli”, паровите кои се во врска си откриваат еден на друг за бројот на сексуални партнери, а има секакви реакции.

Погледнете го видеото…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.