Тачи: Ако кажам сѐ, Заев ќе има проблеми со семејството

„Господниот Заев има и многу полоши и потешки пораки, кои се однесуваат за него лично и за неговото семејство. Сакам уште еднаш да им укажам дека нема да постигнат никакви позитивни ефекти со такви валкани игри.“
Ова го изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи за време на неговото гостување на Канал 5 телевизија, откако денеска на прес конференција обелодени мега скандал, објавувајќи СМС пораки со кои Зоран Заев го молел да соработуваат.

Тој посочи дека СДСМ како опозиција жестоко го напаѓала веќе неколку месеци, со како што ги нарече, нечисти и валкани напади од нивна страна..

„Моето објаснување беше дека оние се толку изнервирани што ние не ја прифативме нивната непристојна понуда, и сега не напаѓаат мислејќи дека со тоа ќе успеат да ги убедат ДУИ да се вратат на старото јато. ДУИ е производ на СДСМ, ДУИ е производ на таа политичка ситуација од 2001 година кога имаше и јавна и тајна поддршка на СДСМ,“ потенцираше Тачи.

Toj денеска обелодени дел од телефонските пораки од Заев, испратени во периодот од локалните па се до одлуката за предвремени парламентарни избори… Во една од презентираните пораки пред медиумите пишува:

„Претседателе. Ве молам да се слушнеме. Барем еден разговор. Благодарам Зоран Заев“.

Во друга порака Заев според Тачи напишал:

„Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има големи поддршки во иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од Македонија. Ве молам да разговараме. Зоран Заев“

Пишувањето невистини за неговиот починат татко, како што појасни Тачи, биле капката што му ја прелеала чашата да се одлучи на ваков потег. Никогаш досега во политиката, како што изјави, не користел ниски удари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.