Балкан

Тачи: Ќе бидам новиот претседател на Косово

Тачи: Ќе бидам новиот претседател на Косово

Германскот весник „Франкфуртер Рундшау“ пишува дека потпретседателот на косовската влада, Хашим Тачи, ќе биде новиот претседател на Косово,според договорот меѓу коалицините партнери Демократскиот сојуз на Косово- Демократска партија на Косово, јави МИА.

Во интервју за германскиот дневен весник,Тачи,најавува дека според договорот тој ќе биде претседател на Косово.

-Според овој договор јас ќе бидам  претседател на Косово откако на актуелната претседателка ќе и измине мандатот, изјавил Тачи.

Потоа, како што пишува весникот, Тачи, на меѓународната сцена, ќе го презентира Косово како претседател.Тачи зборувал и за нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија,нагласувајќи дека Србија треба да се откаже од минатото на Милошевиќ и да гледа кон иднината.

Мандатот на актуелната претседателка,Атифете Јахјага и изминува мандатот во јуни  2016 година.