Балкан

Тачи: Очекувам договор за правосудството

Тачи: Очекувам договор за правосудството

Косовскиот премиер, Хашим Тачи, изјавил дека очекува денеска да биде постигнат договор за правосудство во рамки на новата рунда од дијалогот со српскиот премиер, Ивица Дачиќ.
Тачи рекол дека експертските групи кои во изминатите денови во Брисел разговарале за правосудството добро ја извршиле својата работа, така што договорот на политично ниво не би требало да биде голем проблем.
„Минатата недела се договоривме за интегрирање на косовските полициски служби, а денеска ќе се договориме за правосудството“, рекол Тачи.