Тачи: Одбивањето на мојата посета ќе има последици

Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи оцени дека одлуката на Србија да не ја одобри неговата посета на Белград е спротивна на дијалогот и подобрувањето на односите меѓу Приштина и Белград, пренесува МИА.

– Тоа секако ќе има свои последици, изјави Тачи за виенскиот весник „Пресе“, не сакајќи при тоа да каже какви можат да бидат тие последици.

Тој сепак изјави дека нема да има директни контрамерки кон српските политичари.

– Однесувањето на Србија кон мене ќе послужи како пример за тоа како не треба да се однесуваме кон нашите соседи, рече Тачи.