Тачи: Побезбедно е да се шета во Приштина, отколку во Белград

Припадниците на српската заедница во Косово се безбедни, изјави косовскиот премиер Хачим Тачи, додавајќи дека статистички гледано „побезбедно е да се шета низ Приштина, отколку низ Белград“, пренесоа медиумите.

За да се нормализира состојбата мораме да се заложиме за спроведување на договореното… Ќе работиме заедно за да воспоставиме доверба во нашата земја и покрај тоа што не треба да се заборави дека пред 15 години Косово беше соочено со геноцид, вели Тачи во интервју за еден белградски весник.

„Не смееме да подлегнеме на провокациите на оние кои се обидуваат да го одложат спроведувањето на Бриселскиот договор… Она што е уште поважно е да се фокусираме на воспоставување на косовското судство на северот и да овозможиме целосна интреграција на тој дел во нашиот правен систем, порачува Тачи во интервјуто за „Данас“.

Косовскиот премиер во интервјуто им порачува на локалните власти во општините каде Србите се мнозинство дека треба „да ги решаваат проблемите, а не да учествуваат во нив“.