Тачи: Почестен сум со номинацијата за Нобелова награда

Премиерот на Косово, Хашим Тачи изјавил дека е почестен со номинацијата за Нобелова награда за мир и дека тоа признание, повеќе од било кој, го заслужуваат граѓаните на Косово.

„Ви зборувам од срце, без оглед што ќе се случи, Нобеловата награда за мир, јунаштво, храброст, ја заслужувате вие, граѓаните на Косово, повеќе од било кој“, напишал Тачи на својот Фејсбук профил, пренесуваат локалните медиуми.

Тачи додал дека секогаш во животот, при донесување на секоја одлука, ги имал во предвит интересите на Косово и својот народ.

Наградата ја заслужуваат наставнишите кои отворија училишта, лекарите што ги лекуваат раните и војниците кои го дале својот живот за слобода, додал косовскиот премиер.

„Подобрата иднина за нашите деца е мојот единствен животен и политички мотив. Вашата доверба на тој пат за мене е најзначајна. Другото е помалку важно. Затоа номинацијата за Нобелова награда ви припаѓа на нас, граѓаните на Косово“, заклучил премиерот.

Конгресмените на САД, Елиот Енгел, Роберт Едерхолт, Тед По и Емануел Кливер, ги предложиле премиерите Тачи и Ивица Дачиќ и високата претставничка на Европската унија за надворешна политика Кетрин Ештон за Нобелова награда за мир, за 2014 година, поради нивните клучни улоги во нормаизацијата на односите меѓу Србија и Косово.

Во образложение на предлогот се истакнува дека Бриселскиот договор, што во април го потпишаа Дачиќ и Тачи со посредство на Ештон, претставуваат драматични и историски пресврти и за Србија и за Косово, како и за турбулентниот балкански регион во целост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.