Тачи: Пријателството меѓу Косово и Црна Гора е модел за други држави

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи, кој престојува во посета на Црна Гора рече дека пријателството на Црна Гора и Косово е многу добро и претставува модел за други држави, пренесе МИА.

Тој нагласи дека Косово и Црна Гора немаат отворени прашања.

– Таа традиција треба да ја задржиме, изјави Тачи по состанокот со црногорскиот колега Игор Лукшиќ.

– Овде сум да работам на унапредување на односите на политичко и економско ниво. Имаме исти цели, а тоа се влез во ЕУ и НАТО. Косово и дава целосна поддршка на Црна Гора за влез во НАТО бидејќи тоа е стратешки интерес за целиот регион, изјави Тачи.

Тој додаде дека процесот на демаркација на границата е решен 90 отсто и до пролетта оваа година ќе биде завршен.

Тачи наведе дека Косово во целост ги признава црногорското малцинство, а најави дека наскоро и црногорската и хрватската заедница ќе влезат во Уставот.

Лукшиќ изјави дека односите на Црна Гора и Косово се добри.

– Минатата година се потпишани девет договори и се тоа во интерес на Косово и Црна Гора. Го информирав Тачи за статусот на нашиот пат во НАТО и ЕУ, рече тој.

– На иницијатива на косовската Влада ќе ја продолжиме со регионалната соработка, рече Лукшиќ, кој му се заблагодари на Тачи на залагањето црногорското малцинство да биде во уставот.