Тачи сака мултиетничка Влада и дијалог со Белград

Косовскиот премиер Хашим Тачи, кој е лидер на Демократската партија на Косово

изјави дека сака по изборите в недела да формира мултиетничка Влада и да го продолжи дијалогот со Белград.

– И понатаму ќе се ангажирам околу дијалогот, бидејќи верувам дека тоа е правилен пат кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, истакна Тачи, додавајќи дека е свесен дека поради тоа „платил политичка цена“.

Тој нагласи дека за Косово не постои никаква алтернатива, никаков друг пат од оној во ЕУ.