Тачи во еднодневна посета на Македонија

На покана на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, утре во еднодневна официјална посета на Република Македонија ќе престојува заменик претседателот на Владата на Република Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи.

За време на средбата министрите Попоски и Тачи ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово како и можностите за нејзино натамошно унапредување и интензивирање во областите од заемен интерес за двете соседни земји. Се очекува да бидат разменети мислења и за европската перспектива на сите земји од регионот како и за глобалните и регионални безбедносни предизвици.