Балкан

Приштина лута на ЕУ бара помош од Тирана Тачи бара албанско државјанство за населението на Косово

Тачи бара албанско државјанство за населението на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи побарал од албанскиот колега по должност Илир Мета, Албанија да им овозможи на граѓаните на Косово добивање државјанство на оваа земја, пренесува во средата од Приштина, Радо-телевизија на Србија (РТС).

„Побарав од Мета, врз основа на Уставот, да граѓаните да добиваат државјанство (на Албанија), бидејќи Европа покажа неправда кон косоварите. Албанија е единствената надеж“, ја цитира РТС изјавата на Тако на заедничката прес конференција со албанскиот претседател кој престојува во посета на Приштина.

Тачи, како што се наведува во извештајот на РТС, „во контекстот на ова барање уште еднаш упати критики на адреса на Европската унија поради условувањето на визната либерализација за населението на Косово“.

Во заедничката изјава Тачи и Мета наведуваат дека се залагаат за „продолжување на завршната фаза од дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, повикувајќи на обновување на ангажманот на ЕУ и со директно учество на САД“. Целта на тоа е Србија „конечно да го признае Косово како суверена и независна држава“, што е оценето како „процес кој ќе има позитивен ефект за целиот регион“.

Двајцата претседатели се залагаат и за „симетрично забрзување на процесот на интеграција на сите земји во регионот“ кои сакаат членство во ЕУ и НАТО, оценувајќи дека тоа се „и натаму главно политички процеси, со извонредно влијание врз завршувањето на мировните договори во регионот“.

Целта е, како што се наведува натаму во заедничката изјава на Тачи и Мета, составување стратешки документ за целосното зачленување на Косово во ЕУ и во НАТО, побрзата либерализација на визниот режим меѓу ЕУ и Косово, како и ангажирањето на Приштина договорно да го реши прашањето на демаркацијата гранична линија со Црна Гора.

Официјален Белград сѐ уште не се огласи по повод барањето на Тачи до Тирана да овозможува добивање албанско државјанство за граѓаните на Косово.