Балкан

Тачи: Дијалогот во Косово треба да се интензивира

Тачи: Дијалогот во Косово треба да се интензивира

Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека во текот на неговиот претседателски мандат силно ќе се ангажира за промоција на дијалогот во Косово.

Како што јави дописникот на МИА, на форумот „Зборувај отворено“ Тачи нагласи дека ќе го промовира дијалогот меѓу политичките лидери на власт и во опозиција, додавајќи дека дијалогот не е алтернтива, туку единствен пат за решавање на проблемите.

Натаму тој истакна дека европската агенда ја обединува косовската политика и нагласува дека ќе работи во негување и натамошнот дијалог меѓу домашните институции и заедниците.

– Косово ќе биде пример за толернција и соживот… Имаме најдобар Устав во светот, рекол Тачи.

Според него, Косово има одлични односи со земјите од регионот, додека односите со Србија се коректни.

– Ќе побарам од институциите на земјава да ги спроведат договорите постигнати во Брисел и нема да дозволам процесот на разговори да биде монотон. Целосната нормализација на односите Косово-Србија промовира мир во регионот, изјави Тачи, додавајќи дека ќе продолжи дијалогот со ЕУ со цел граѓаните на Косово што побрзо да ја уживаат слободната на движење.

Тачи најавил дека во неговата агенда ќе биде и прашањето за исчезнатите и раселените, како и почитување на законот.