Тачи го уверува Вучиќ дека ќе прифати „секоја помош“ во истрагата за убиството на Ивановиќ

Косовскиот претседател Хашим Тачи го уверувал во телефонскиот разговор во средата спрскиот претседател Александар Вучиќ дека Приштина е подготвена да прифати „секоја помош“ во истрагата за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ во вторникот во Косовска Митровица.

Двајцата челници телефонскиот разговор го воделе во средата попладнето, ден по убиството на Оливер Ивановиќ коешто предизвика засилени напнатости меѓу Белград и Приштина, како и меѓу Србите и Албанците на Косово.

Шеесет и четиригодишниот Оливер Ивановиќ, претседател на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, го убија непознати извршители пред седиштето на партијата во северниот дел на Косовска Митровица.

Вучиќ побарал од Тачи во истрагата да учествуваат српски државни органи, соопшти кабинетот на српскиот претседател, а Тачи на својот профил на Facebook напиша дека му дал уверување на Вучиќ дека „косовските власти се подготвени, во согласност во согласност со важечките закони, ќе соработуваат и прифатат секоја помош“. Тачи, исто така, рекол дека косовските институции спроведуваат интензивна истрага за да се пронајдат и приведат пред правдата сторителите на убиството.

„Двајцата претседатели ја нагласија потребата на надлежните тела да им се даде доволно време за својата работа да ја извршат на професионален и независен начин“, напиша Тачи.

Според соопштението на кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ уште еднаш побарал од Тачи да прифати учество на српска институција во спроведувањето на истрагата за овој гнасен чин да биде решен во најкус можен рок.

 

Двајцата челници се согласиле дека дијалогот меѓу Србите и Албанците, како и заедничката работа на смирување ни стабилизација на ситуацијата на Косово, се клучни за двете страни, се додава во соопштението на претседателот Вучиќ кој во сабота и недела ќе го посети Косово.

Вучиќ во вторникот оцени дека убиството на Ивановиќ претставува „терористички чин“ и побара од мисиите Еулекс, Унмик како и од Косовската полиција и српските органи да учествуваат „во истрагата и откривањето на вистината“.

Во средата претпладне му одговори косовскиот министер за надворешни работи Абелард Тахири велејќи дека „се добредојдени сите информации“, кои ќе дојдат од Албанци или од Срби коишто може да помогнат во расветлувањето на убиството, но не и вклучување на официјален Белград во истрагата.

Главниот обвинител во Косовска Митровица, Шикри Сила, изјави дека изјави дека убиството го истражуваат двајца обвинители Србин и Албанец, односно Јова Радовиќ и Нијази Реџа.

Истовремено Обвинителството за организиран криминал во Белград покрена предистражна постапка за убиството на Ивановиќ, а од српската полиција и разузнавачките агенции побарало „собирање на потребните информации во врска со кривично дело тероризам“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.