Тачи ја потврди средбата со Вучиќ во Брисел

Косовскиот претседател Хашим Тачи потврди во ворникот дека в недела 24 јуни, ќе се сретне во Брисел со неговиот српски колега по должност Александар Вучиќ.

„Ја добивме поканата како претседател на земјата од госпоѓа (Федерика) Могерини за да го продолжиме дијалогот меѓу косовската држава и Србија, за да ги разгледаме можностите за имплементација на сите досега постигнати договори, но и за да го рагледаме конечниот догово меѓу Косово и Србија“, соопшти претседателскиот кабинет, пренесуваат приштинските електронски медиуми.

Тачи го потврдил учеството на состанокот и дека „двата тима ќе се сретнат во наредните денови“, а претседателите на двете држави ќе се состанат в недела.

Претходно информацијата за средбата в недела на двајцата претседатели ја објавија и посредничката на Европската унија во дијалогот, Могерини и српскиот претседател Вучиќ.

На водењето на преговорите со Белград од страна на Тачи категорично се спротивставуваат поголемиот дел парламентарни партии, поради што премиерот Рамуш Харадинај ја повлече предлог-платформата за дијалогот со Србија.

Косовската опозиција, но и дел од владејачките партии, тврдат дека Тачи не може да го претставува Косово во овој процес, затоа што тој не може да се смета за унифицирачки фактор во земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.