Тачи: Најтешка средба во шест години, Вучиќ мора да сфати што е Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, по средбата со српскиот колега Александар Вучиќ во Брисел изјави дека оваа средба била најтешката во последните шест години во рамките на дијалогот со Србија. Тој додаде дека во идниот период очекува уште повеќе тешкотии, но преговорите ги оцени како неопходни. На средбата во Брисел посредуваше високата претставничката на Европската Унија, Федерика Могерини.

Ова беше кратка средба и не беше лесна, би рекол беше тешка. Можеби најкратката и најтешката од сите средби кои сме ги одржале овие шест години, но нашата посветеност за европската иднина е сериозна и одговорна, затоа ќе работиме максимално да постигнеме конечен договор. Јас и понатаму гледам светло на крајот на тунелот, иако ќе биде многу тешко. Србија уште мисли дека Косово е нејзин дел, сè уште живее со менталитет од минатото и се лаже, грешат многу. Ова беше тешка средба со г-н Вучиќ, тој лично, но и Србија треба да сфатат дека Косово е суверена држава, рече Тачи.

И Вучиќ денешните разговори ги оцени како можне сложени.