вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 11

Тачи: Никој од Косово не е поканет на инаугурацијата на Трамп

Државите ќе бидат претставени само од амбасадорите и ни една странска делегација не се поканува за учество, ни од Косово, ниту пак од други земји, изјавил Тачи, додавајќи дека на приватната цермонија може да уествува секој кој ќе посака доколку набави билет чија вредност е до 500 долари.

133167753

Последни вести

Претседателот на Косово,Хашим Тачи, изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Тачи, кој се наоѓа во официјална посета на САД, уште додал дека никој од Косово не е поканет на инаугурацијата на Трамп.

– Државите ќе бидат претставени само од амбасадорите и ни една странска делегација не се поканува за учество, ни од Косово, ниту пак од други земји, изјавил Тачи, додавајќи дека на приватната цермонија може да уествува секој кој ќе посака доколку набави билет чија вредност е до 500 долари.

Во следните денови од престојот во САД Тачи, ќе оствари средби со функционери на претседателот во заминување, Барак Обама, меѓу кои потпретсеателот Џо Бајден како и републикански и демократски сенатори.

Тој најавил дека во Вашингтон ќе обезбеди контакти и со функционери од идната администрација,која ќе ја предводи Трамп.

Претходно за косовските медиуми од Алијансата за иднината на Косово потврдија дека официјална покана за инаугурацијата на новиот американски  претседател има нивниот лидер Рамуш Харадинај.

Најчитани вести