Тачи: Нова лидерска средба од понеделник

Од понеделник би требало да се одржи нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.  За ова по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието на Република Македонија информира првиот човек на ДПА Мендух Тачи.

Претходно, по средбата со Енгел и лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека денеска нема да се одржи лидерска средба.

Ахмети: Нема нова лидерска средба денеска
Ахмети: Нема нова лидерска средба денеска

Дел од медиумите синоќа и претпладнето објавија дека во текот на денов ќе биде одржана нов состанок на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Од Амбасадата на САД и од Мисијата на ЕУ во Скопје за МИА информираа дека таква активност на Бејли и Орав за денеска не е предвидена.

Последната средба на лидерите се одржа на 29 јуни, по која партиите објавија соопштение со иста содржина во кое беше наведено дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА ги продолжиле дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни во Скопје.

Во тој контекст, како што беше посочено, лидерите се договориле да се состанат повторно во деновите што следуваат.