Тадиќ ја напушти својата партија

Борис Тадиќ, поранешен претседател на Србија и почесен претседател на Демократската странка (ДС), ја напушти партијата која ја водеше од февруари 2004 до ноември 2012 година, објави српската телевизија Б92.

Тадиќ одлучил да ја напушти ДС поради несогласување со правецот што демократите го имаат под новото раководство.

„Одлуката ја донесов токму поради тоа во политичкиот блок на ДС се враќаат луѓе кои и’ го донесоа епитетот аферашка и коруптирана партија. Одлуката не е против членовите на ДС туку поради нив и ним им порачувам дека на Србија и’ е потребна нова демократска партија“, изјавил Тадиќ.

Поранешниот претседател на Србија навел дека таа нова партија „би ја извршија мисијата за модернизација на Србија и мисија за воспоставување на траен мир на Западениот Балкан“, но не потврдил дали ќе формира нова политичка организација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.