Балкан

Тадиќ ќе учестува на изборите во Србија

Тадиќ ќе учестува на изборите во Србија

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ денеска најави дека на предвремените парламентарни избори во Србија, закажани за 16 март, ќе учествува со нов политички субјект.

Тадиќ, кој во четвртокот соопшти дека ја напушта опозициската Демократската партија (ДС), при денешното гостување во емисијата „Став на Србија“ на телевизијата Прва, најави дека на изборите ќе учествува со луѓе од ДС кои „во претходните осум години ја поддржувале неговата политика и со граѓаните кои гласале за таа политка“.

Тадиќ не соопшти повеќе детали за листата со која ќе настапи на изборите, нагласувајќи дека во тек се коалициски преговори.