Тадиќ: Со формирањето на партија сакам да ја спасам идејата за опозиција во Србија

Со формирањето на партија сакам да ја спасам идејата за опозиција што ја уништија Драган Ѓилас и Чедомир Јовановиќ, изјавил поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ , пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

„Дали јас или Чедомир Јовановиќ предлагаме јавно соработка на вицепремиерот Александар Вучиќ? Дали Ѓилас и денес требаше да разговара за проектот „Белград на вода“ ако не беше сменет од функцијата градоначалник на Белград? Овие обвинувања кон мене се бесмислени и истите треба да бидат упатени кон нив“, изјавил Ѓилас.