Тајфун ја погоди Јапонија

Централниот дел на Јапонија денес беа погодени од тајфун проследен со поројни дождои и силни ветрови.

Јапонските медиуми јавуваат дека е нарушено нормалното одвивање на сообраќајот, како и дека се предизвикани поплави и лизгање на земјиштето.

Властите повикаа десетици илјади локални жители да се евакуираат во три крајбрежни префектури.

Поради бурите беа укинати десетици летови и возови, а над регионот на Токио се регистрирани поројни дождови.

Метеоролошките служби предупредија за опасност од лизгање на земјиште, високи бранови и излевање на реки во источниот и централниот дел на Јапонија.

Во девет часот изутрината по локално време 18. тајфун во оваа сезона беше на околу 40 километри од градот Тојохаши и се движеше кон север со брзина од 30 километри на час. Тојохаши се наоѓа на крајбрежјето и на околу 280 километри западно од Токио.