Тајфунот Меги се заканува на Тајван

Генералниот директор на Националната агенција за борба против пожари Чен Вен-лунг истакна дека властите на Тајван го подигнале нивото на предупредување, бидејќи се очекува дека ветровите и дождот, кои ги носи Меги ќе го погодат целиот остров.

Тој додаде дека изутринава се евакуирани 5.336 лица од планинските подрачја, каде постои ризик од поплави и свлечишта.

Повеќе од половина од нив се засолниле во прифатилишта, додека останатите се сместени кај членови на семејствата или пријатели.

Училиштата и канцелариите се затворени ширум островот.

Централниот хидрометеоролошки завод наведува дека Меги има 500 километри во пречник, додека неговите ветрови достигнуваат брзина до 198 километри на час.

Летовите се откажани на тајванскиот меѓународен аеродром, а повеќето брзи железници и другите возови исто така не сообраќаат.

Меги е четврти тајфун оваа година, што ќе го погоди Тајван.