Тајфунот на годината разорува низ Јапонија, 37 повредени

Тајфунот „Вонгфонг“ најсилното невреме во Јапонија годинава, стигна до централниот јапонски остров Кјушу откако го погоди јужниот остров Окинава и повреди најмалку 37 лица, соопштија денеска јапонските власти.

Откажани се повеќе од 300 летови а пореметен е и железничкиот сообраќај на Кјушу и соседниот остров Шикоку, додека властите советуваат 150 илјади луѓе за да се евакуираат од своите домови, пренесува британски Би-Би-Си.

Јапонската Метеоролошка служба издаде предупредување дека тајфунот до утре изутрина би можел да стигне и до претстолнината Токио.

Тајфунот „Вонг фонг“ што на кантонски кинески значи оса носи големо количество дожд, а ударите од ветрот достигнуваат брзина од 175 км на час, наведуваат метеоролизите.

За време на викендот невремето предизвика недостаток на електрична енергија на Окинава каде што силниот ветер исто така рушел дрвја и сообраќајни знаци.